Спортски новинар ја исмеваше пандемијата, а потоа почина од коронавирус

Коронавирусот однесе уште една спортска жртва, како последница од коронавирусот почина спортскиот новинар од Никарагва, Хозе Франциско Руиз кој во мај стана планетарно славен со исмевањето на вирусот од кој почина.

– Абе ајде, овој вирус е баш пе***ски. Исто како и опозицијата. Дури и пена од сапун го уништува вирусот – се исмеваше Руис со коронавирусот.


Снимката со неговите ставови веднаш стана хит на социјалните мрежи, а тој продолжи да го исмева коронавирусот.
– Вирусот го прави тоа што „тие“ го замислија. Бидејќи „тие“ велат дека старците треба да се елимиираат бидејќи гиима премногу. Војната е против старците. Имам пријател кој ми кажа како тој се опорави од коронавирусот – треба да се туширате со жешка вода, да правите гаргара со солена вода три пати на ден и вирусот за 4-5 дена е мртов“.


Но, 75-годишниот Руиз кој беше спортски новинар дури 48 години почина токму од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот