Спортски активности во игротека на отворено во Скопје

„Мондано плејгроунд центар” е новата игротека под отворено небо што ќе биде отворена задутре во Скопје. Таа е во рамки на спортскиот комплекс „Мондано” и се наоѓа веднаш зад скопската гимназија „Јосип Броз Тито”.

Виктор Михајловски од „Мондано” истакнува дека младите заслужуваат простор каде преку спортски активности ќе се развиваат и растат.

-Ни претставува исклучително задоволство кога учениците доаѓаат на нашите терени и ги користат бесплатно. Тоа ни беше мотивација да го направиме „Mondano Playground center”. Сега и најмалите ќе може да доаѓаат за да играат и спортуваат. Тие ќе може да се дружат и да ги развиваат своите моторички способности на големиот трамболина парк, забавниот „Ninja Warrior” парк и на Зорб топките за одење по вода, вели Михајловски.

Посетителите на градинката на отворањето ќе можат да засадат 80 нови садници и на нив да остават лична порака како мотивација и инспирација за секој друг посетител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот