Спортистите на Олимпијадата во Токио ќе се тестираат на ковид-19!

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Обврска на учесниците кои ќе бидат дел од Летната Олимпијада во Токио наредната година мораат да приложат негативен тест на коронавирус направен најмалку 72 часа пред пристигнувањето во Јапонија.

Воедно за време на Олимписките игри спортистите ќе бидат тестирани на ковид-19 на секои 96 до 120 часа.

Во извештајот објавен од страна на организаторите на Олимпијадата се вели дека во Олимпиското село каде што се очекува да бидат сместени околу 15.000 натпреварувачи во машка и женска конкуренција ќе биде лоциран центарот за тестирање.

Олимписките кругови вратени во Токио

Моментно задолжителен е карантин од 14 дена за сите кои влегуваат во Јапонија, а од ова ограничување ќе бидат изземени спортистите и персоналот задолжен за организација на Игрите.

Свеченото отворање на Олимпијадата во Токио според најавите ќе се случи на 23 јули 2021 година, откако истата беше одложена поради светската пандемија на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот