Спортинг го прецени Фернандеш, 80 милиони се премногу за Јунајтед!

фото: твитер

Никако успешно да завршат преговорите за трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг во Манчестер јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Во овој момент како што пренесуваат од „Би-Би-Си“, „црвените ѓаволи“ не се подготвени да одвојат 80 милиони евра за услугите на Фернандеш.

Иако сите очекуваа дека без проблеми 25-годишниот фудбалер ќе се пресели оваа зима на „Олд Трафорд“, ќе мора да се почека уште малку, односно се најавува дека преговорите ќе продолжат во наредната седмица.

Управата на Јунајтед нема да преговара сè додека цената која што ја бараат Португалците не биде намалена.

Претходно се шпекулираше дека Фернандеш има договор со Јунајтед кој ќе го плаќа шест милиони евра годишно до 2025.

Станува збор за играч кој настапува во средниот ред, еден дел од кариерата го помина во Италија (Новара, Удинезе, Сампдорија), а во Спортинг во чии редови е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, дојде за осум и пол милиони евра од Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот