Тен Хаг: Реал е голем предизвик за нас

Овој ривал е огромен предизвик за нас. Целосно смефокусирани на утрешниот натпревар. Ова важи за сите наши фудбалери, изјави Тен Хаг.

54
Фото ЕПА

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг изјави дека Реал Мадрид е голем предизвик за холандскиот тим.

– Овој ривал е огромен предизвик за нас. Целосно смефокусирани на утрешниот натпревар. Ова важи за сите наши фудбалери, изјави Тен Хаг.

Тој се наврати и кон неубедливите настапи на Ајакс во шампионатот во Холандија, каде доживеаја порази од Хераклес и Феенорд.

– Никој не сакаше тоа да се случи. Не играме постојано на високо ниво и тоа е проблем. Не игравме добро против Хераклес и Феенорд. Сега треба да бидеме доста посилни. Треба да го докажеме тоа и против Реал Мадрид, додаде тренерот на Ајакс.