Спалети за одземањето на капитенската лента на Икарди: Тоа е за доброто на клубот

Денес клубот одлучи да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот, давајќи ја на Самир Хандановиќ. Излезе дека отфрлањето на напаѓачот од составот не било желба на клубот, туку на него самиот.

207
Фото: ЕПА

ренерот на Интер, Лучано Спалети даде традиционална прес-конференција пред утрешната средба на тимот со Рапид (Виена) од шеснаесетфиналето на Лига Европа, каде главна тема беше Мауро Икарди.

Денес клубот одлучи да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот, давајќи ја на Самир Хандановиќ. Излезе дека отфрлањето на напаѓачот од составот не било желба на клубот, туку на него самиот.

– Одземањето на капитенската лента од Икарди е едно болно решение за доброто на клубот. За утрешниот натпревар Икарди беше вклучен во составот, но сам одлучи да не патува со тимот. Очигледно е дека не се чувствува добро, но постојат работи околу него кои го загрижуваат, а исто така и целиот тим. Сега сите мисли треба да бидат насочени кон мечот со Рапид. Треба да постигнеме добар резултат против многу тежок ривал. Се надевам дека тимот ќе реагира на најдобар можен начин, започна Спалети.

Тој додаде дека по натпреварот со Парма неговите зборови дека треба да се решат работите околу Икарди, биле интерпретирани погрешно.

– Јас не се грижам за обновување на договорите. Беше потврдено дека има работи кои го загрижуваат Мауро. Денешната негова реакција да откаже да настапи на натпреварот со Рапид го докажува тоа. Тоа му пречи тимот, на кој беше капитен. Во наредните денови се ќе стане јасно. За мене темата со Икарди завршува тука, заврши тренерот на „нероазурите”.