Скандалозно видео од ѕвездите на Арсенал на забава од 30.000 фунти (ВИДЕО)

447

Скандалозно видео од ѕвездите на Арсенал се појави на интернет. Забавата била во популарен ноќен клуб во Лондон и наводно чинела до 30.000 фунти, пренесува „Курир.рс“.

Во главните улоги се Сеад Колашинац, Александар Лаказет, Месут Озил, Пјер – Емерик Аубамејанг, Матео Гендузи, Хенрик Михтаријан и Шкодран Мустафи.

Фудбалерите пиеле вотка, шампањ, но и „дувале“ гас за смеење, популарно наречен „балон“. На снимката се гледа и како постарите се обидуваат да го натерат да проба и 19-годишниот Французин, Гендузи, кој се онесвестува.

Гасот за смеење не е илегален во Англија, но е забрането негово продавање на лица под 18 години. Последиците се губење на свеста, а во најлош случај, може да дојде и до смрт поради недостаток на кислород.

Забавата се случила во август, а неофицијално, на забавата имало и 70 жени.