Шкендија го совлада Кожув и се пласираше во осминафиналето на Купот

22

Фудбалерите на Шкендија со победа од 0:2 против Кожув во Гевгелија, успешно ја почнаа одбраната на пехарот во Купот на Македонија.

Актуелниот македонски шампион рутински се пласираше во осминафиналето. Бесарт Ибраими во 13-та минута донесе водство од 0:1, а само 15 минути подоцна Омар Имери ги постави конечните 0:2.

Натпреварот меѓу Кожув и Шкендија двапати беше одложен поради обврските на тетовскиот клуб во европските натпреварувања и репрезентативните обврски изминатава недела.