Шефот на Мекларен: Направивме вистински избор со Рено

180

Шефот на Мекларен, Зек Браун, изјави дека главниот фокус на напорите на тимот пред зимските тестирања е издржливоста. Важно е тимот да извлече максимум од осумте дена, а не да ги повторува грешките од претходните години, смета тој.

Во 2018 токму поради несигурноста на болидот, Мекларен не успеаја да го искористат определеното време и не собраа доволно податоци за развојот на болидот. Логично, во текот на сезоната тие се најдоа далеку назад на стартната линија.

– Сега пристапуваме поинаку, се обидуваме да бидеме подобро подготвени. Минатата година имавме многу проблеми со сигурноста на болидот во Барселона. Сега презедовме првични мерки. Продолжуваме да го развиваме автомобилот на неделна основа, како и сите други, а во Австралија ќе одиме со онаа модификација, која се покажала најсигурна, рече Браун.

Тој додаде дека од тимот се задоволни од работата со Рено и дека го направиле вистинскиот избор, кога ги промениле моторите на Хонда.

– Предизвиците кои се појавија пред нас, не беа поврзани со моторот, туку беа наши. Хонда, се разбира, продолжи да се развива, и вршат одлична работа што не не изненадува. Мило ми е што тие останаа во спортот. Ние го направивме вистинскиот избор со Рено, бидејќи во последните пет трки во 2018 тие четири пати беа на подиумот. Сега нашата најважна задача е да направиме добар болид, заврши шефот на Мекларен