Сала починал од повреди на главата, идентификуван според отпечатоците

За да биде ситуацијата уште поиронична, тој на своите пријатели, пред да тргне кон Кардиф им оставил говорна порака во која вели: „Авионов изгледа како да ќе се распадне“.

185
Фото EPA-EFE/EDWARD BOONE

Според вештачењето на телото на трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала, смртта настапила поради повреди на главата по уривањето на авионот.

За него не постоела можност да се спаси дури и авионот да бил пронајден порано, бидејќи повредите биле фатални. Телото на пилотот уште не е пронајдено.

За да биде ситуацијата уште поиронична, тој на своите пријатели, пред да тргне кон Кардиф им оставил говорна порака во која вели: „Авионов изгледа како да ќе се распадне“.

„Одам во Кардиф. Утре веќе ќе тренирам со новиот тим. Ако не ви се јавам за час, час и пол, не знам дали ќе пратат некој за да ме бара… Се плашам”, е последната порака на Аргентинецот.