Руска „петарда“ за Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Фото:EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH EDITORIAL USE ONLY

Домаќинот на Светското првенство Русија имаше фуриозен старт на шампионатот откако со убедливи 5-0 ја декласира Саудиска Арабија. Сoставот на селекторот Черчесов ја оправдаа фаворитската улога и доминираа во текот на целиот меч.

По 12. минути игра Газински ја затресе противничката мрежа, а на 2-0 зголеми резервистот Черишев, кој влезе во игра на местото на повредениот Џагоев.

Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа и Дзјуба во 72. минута, како и Черишев со својот втор погодок во судиското продолжение и Головин со прекрасен шут од слободен удар за конечни 5-0.

Во вториот натпревар од групата А утре со почеток во 14 часот ќе се сретнат Уругвај и Египет.