Роналдо со два гола му донесе победа на Јувентус

Со двата гола на петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, Јувентус го победи Сасуоло со 2:1 во натпревар од 4-тото коло на Серија „А“, одигран во Торино.

75
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Со двата гола на петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, Јувентус го победи Сасуоло со 2:1 во натпревар од 4-тото коло на Серија „А“, одигран во Торино.

Во првото полувреме гостите дадоа сериозен отпор на шампионот и погодија греда, а им беше поништен и еден гол. Непосредно по почетокот на вториот дел, португалската ѕвезда сепак ја отвори гол сметката за „бјанконерите“, а за целта му беа потребни 28 удари.

Во 65-тата минута повторно Роналдо беше во центарот на вниманието, откако се запиша по пaд на Емре Џан. На крајот Бабакар беше прецизен за гостите, а Даглас Коста доби црвен картон. Но Јувентус не допушти израмнување и продолжува со победничката серија, откако има 12 поени од четири натпревари, додека Сасуоло останува со седум бода.

Во следниот круг, рекордерот по титули гостува на Фрозиноне, додека „зелено-црните“ го пречекуваат Емполи.

Резултати од Серија „А“, 4.коло:

Рома – Киево 2:2
Џенова – Болоња 1:0
Јувентус – Сасуоло 2:1
Удинезе – Торино 1:1

Резултати од вчера:

Интер – Парма 0:1
Наполи – Фиорентина 1:0
Фросиноне – Сампдорија 0:5.