Рома сака да му го продолжи договорот на Ел Шарави

Според „Калчомеркато“, новиот договор со 26-годишниот Италијанец ќе биде со важност до 2024 година.

32
Ел Шарави Рома

Италијанскиот фудбалски  прволигаш Рома е заинтересиран за продолжување на договорот со напаѓачот Стефан Ел Шарави.

Според „Калчомеркато“, новиот договор со 26-годишниот Италијанец ќе биде со важност до 2024 година.

Сегашниот договор на Ел Шарави со римјаните, истекува на 30 јуни 2020 година.

Вредноста на Ел Шарави на фудбалскиот пазар се проценува на Трансфермаркт проценува на 22 милиони евра.

Во тековната сезона, Ел Шарави играше на 19 натпревари за Рома, постигна осум голови и оствари три асистенции.