Реал Мадрид сака да го доведе Арон Ремзи

71

Реал Мадрид е на пат да оствари доста изненадувачки трансфер и да го привлече во своите редови Арон Ремзи, тврди „Мирор”.

Договорот на Велшанецот со Арсенал истекува по крајот на сезоната и двете страни нема да потпишат нов.

Тоа значи дека во јануари тој може да излезе прилично евтин за купувачите, кои имаат потреба од квалитетен фудбалер.

Во секој случај, тимот од Лондон ќе се обиде да заработи пари од него пред изгледите да го испушти без трансферна сума во текот на летото.

За Ремзи се заинтересирани и Јувентус и Баерн.