Проблеми за Дортмунд: Марко Ројс го пропушта дуелот со Тотенхем

Ројс го повреди бутниот мускул на натпреварот против Вердер, во рамките на Германскиот куп, кој се одигра изминатиот вторникот, а поради тоа тој веќе го пропушти и дуелот во саботата во Бундес лигата против Хофенхајм.

21
Фото: EPA/DAVID HECKER

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Ројс го повреди бутниот мускул на натпреварот против Вердер, во рамките на Германскиот куп, кој се одигра изминатиот вторникот, а поради тоа тој веќе го пропушти и дуелот во саботата во Бундес лигата против Хофенхајм.

Наместо него, во првата постава на Дортмунд за дуелот против Тотенхем ќе се најде 18-годишниот талентиран играч Џејдон Санчо.

Ројс е најдобар играч на Борусија оваа сезона, а на 19 натпревари во Бундес лигата постигна 13 погодоци и запиша 9 асистенции.

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд  се игра утре, со почеток од 21 часот.