Почина Мичо Поповски, доајен на кајакарскиот спорт

549

Мичо Поповски, долгогодишен спортски работник, тренер и поранешен шампион во кајак на диви води, почина на 69-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

Беше претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, на Сојузот на спортски федерации на Македонија, на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето и еден од основачите и член на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет.

Како селектор на македонската репрезентација, учествуваше на четири олимписки игри, во Барселона 1992, Атланта 1996, Сиднеј 2000 и во Атина 2004. Добитник е на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската кајакарска федерација и МОК.