Петковски и Зафировска се македонските спортски ѕвезди во Сараево (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

149

Денеска во Сараево се отвори Европскиот олимписки младински фестивал (ЕИОФ), во кој ќе учествуваат млади спортисти од повеќе земји. Македонија ја претставуваат двајца спортиски во дисциплината крос-кантри. Тоа се Никола Петковски и Анамарија Зафировска. На денешното свечено отварање гостин беше и премиерот Зоран Заев.

 

 

Петковски ќе се натпреварува во трката на десет километри слободно, додека Анамарија Зафировска ден подоцна ќе учествува во трката на пет километри слободно.

На Европскиот олимписки фестивал за млади, на кој настапуваат спортисти од 14 до 18 години, ќе има 911 натпреварувачи од 50 земји од светот.

ЕИОФ во Сараево се одржува во период кога градот ја прославува 35-годишнината од организацијата на Зимските Олимписки игри во 1984 година.