Оклахома ќе се раздели со Кармело Ентони

4

Раководството на Оклахома Сити го информирало Кармело Ентони дека ќе мора да го напушти клубот пред почетокот на новата сезона во НБА.

„Грмотевиците“ ќе се обидат да го понудат 34-годишниот Ентони на друг клуб, но ако не добијат соодветна понуда, ќе го откупат договорот на играчот.

Следната сезона, Ентони ќе добие скоро 28 милиони долари, но разделбата со него ќе го спаси клубот од 91 милион долари на име даноци. Во моментов, ОКС должи рекордни во историјата на НБА 131 милион долари за даноци и такси, бидејќи ја надминува границата на платите.

Претходно оваа недела, Оклахома потпиша договор вреден 150 милиони долари со Пол Џорџ и договор вреден 27 милиони долари со Џереми Грант.

Ако договорот на Ентони биде откупен, крилото најверојатно ќе оди во Хјустон или Лос Анџелес Лејкерс.