Нојер продолжи да тренира со полн интензитет

Нојер изгледа добро. Постои опција тој да може да ја игра на следниот натпревар, објави Баерн.

38
Мануел Нојер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер се врати на тренинзите и работи со полн капацитет. Ова го најави тренерот на германскиот шампион, Нико Ковач.

– Нојер изгледа добро. Постои опција тој да може да ја игра на следниот натпревар, објави Баерн.

За потсетување, на 1 февруари Нојер доживеа повреда на раката, поради што ги пропушти последните три натпревари од Германското првенство.