Ниту трипл-дабл ефектот на Леброн не им помогна на Лејкерс на гостувањето кај Атланта

По овој пораз „езерџиите" уште повеќе се оддалечија од осмата позиција во Западната конференција која обезбедува учество во разигрувањето за титулата.

25
Фото: ЕПА

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го претрпе четвртиот пораз на последните пет натпревари во НБА лигата. Подобри од Лејкерс ноќеска беа кошаркарите на Атланта и покрај трипл-даблот на Леброн Џејмс кој дуелот го заврши со 28 поени, 11 скокови и 16 асистенции.

По овој пораз „езерџиите” уште повеќе се оддалечија од осмата позиција во Западната конференција која обезбедува учество во разигрувањето за титулата. Сега се на биланс 28 победи и 29 порази.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:

Атланта – ЛА лејкерс 117:113

Мемфис – Сан Антонио 107:108

Њу Орлеанс – Орландо 88:118

Филаделфија – Бостон 109:112

Голден стејт – Јута 115:108.

Пласман Западна конференција: Голден стејт 41-15 (победи-порази), Денвер 38-18, Оклахома 37-19, Портланд 33-23, Хјустон 33-23.

Пласман источна конференција: Милвоки 42-14, Торонто 42-16, Индијана 38-19, Бостон 36-21, Филаделфија 36-21.