Навас е категоричен, сака да го напушти Реал Мадрид

Навас се надева дека клубот нема да го блокира и ќе му дозволи да замине во јануари без да биде побарана трансфер сума. Според информациите во Шпанија, тој веќе поднел барање за трансфер, но веројатно нема да биде пуштен без пари.

131

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, е цврст во одлуката за неговата иднина. Тој сака да го напушти клубот, објавија медиумите во Шпанија. Костариканецот не е фаворизиран од новиот тренер Сантијаго Солари и покажа дека нема да смета на него.

Навас се надева дека клубот нема да го блокира и ќе му дозволи да замине во јануари без да биде побарана трансфер сума. Според информациите во Шпанија, тој веќе поднел барање за трансфер, но веројатно нема да биде пуштен без пари.

Кејлор го загуби местото во првиот состав во Реал Мадрид откако Тибо Куртоа беше привлечен на „Сантијаго Бернабеу“. На почетокот на сезоната, белгискиот голман помина неколку натпревари на клупата, но постепено се наметна како стартер, а Костариканецот седна на клупата.

– Дојдов до точка да не играм по три последователни трофеи во Лигата на шампионите – изјави неодамна голманот.