Меси го скрши малерот против Челси, Бешикташ доби „петарда“ во Минхен (Видео)

Меси го скрши малерот против Челси, Бешикташ доби „петарда“ во Минхен (Видео)

152
SHARE
Фото:EPA-EFE/ANDY RAIN

Во дерби мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони Челси и Барселона одиграа нерешено 1-1 на Стемфорд Бриџ и патникот во следната фаза ќе се решава на 14 март на Камп ноу.

Челси преку Вилијан два пати ја погодуваше стативата од голот на Тер Штеген, но првиот дел заврши без погодок.
Конечно трета среќа за Вилијан се случи во 62. минута кога постигна убав гол за водство на Челси од 1-0.
По киксот во одбраната на англискиот тим, 13. минути подоцна Иниеста го проигра Меси кој во деветиот меч против „сините“ го постигна својот прв гол со кој го постави конечниот резултат.
Во вториот натпревар Баерн Минхен со 5-0 го декласира Бешикташ. Гостинскиот фудбалер Домагој Вида поради опасен старт уште во 16. минута заработи директен црвен картон, со што им ја олесни работата на баварците во продолжение.
Милер погоди во 43. минута, а потоа во второто полувреме даде уште еден гол, Левандовски два пати се запиша во листата на стрелци, а еднаш прецизно стрелаше и Коман.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY