Маркоски премина во Спартак Трнава

Тој ја започна професионалната кариера во Работнички од каде потпиша за кипарскиот тим.

65

Македонскиот фудбалер Кире Маркоски потпиша со словачкиот тим Спартак Трнава. Тој ќе игра на позајмица од АЕЛ Ламасол до крајот на сезоната.

Тој ја започна професионалната кариера во Работнички од каде потпиша за кипарскиот тим. Имаше шпекулации дека Маркоски ќе го засили скопски Вардар, но на крајот се реши за тимот од Словачка.

Покрај Маркоски, Спартак денеска го промовираше и американскиот фудбалер Макарио Хинг-Гловер (до Маркоски на фотографијата) како ново засилување, кој претходно настапуваше за словенечки Кршко.