Левски му се реваншира на МЗТ Скопје за вчерашниот пораз

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

И вториот дуел меѓу овие две екипи кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“, исто како и синоќешниот, се одигра без присуство на публика, но овој пат славеше бугарскиот тим и тоа со 88:90.

За разлика од првиот дуел, на овој, гостите од Софија играа доста подобро. Имаа предност и од осум поени (33:25), во 13.минута, а две минути потоа, и уште повисоки (39:30), односно (41:32), за првото полувреме да заврши со предност на Левски Лукоил од 50:44.

Гостите водеа се до 37.минута, кога Гетчер погоди за три поени и му донесе минимално водство на МЗТ Скопје Аеродром од (79:78). Но само за кратко, затоа што Петков „врза“ пет поени во серија, а „сините“ излегоа како победници во „пенал-завршницата“.
Седуммина домашни кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. Најмногу  постигна Бојиќ 20 поени, Гравет даде 13, еден помалку реализираше Гетчер, по 11 репрезентативците Стојановски, Магдевски и Николов, а уште десет дојдоа од Крстевски.

Кај Левски Лукоил, Добро беше изданието на Јордан Минчев. Некогашниот играч на МЗТ Скопје Аеродром. Финишираше со 24. поени, додека 21 постигна Тасиќ, а еден помалку Петков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот