Лејкерси конечно се израдуваа на победа (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс успеа да ја прекине серијата на порази откако славеше против Чикаго со 123:107.

30
EPA-EFE/JUSTIN LANE

По пет порази во низа, ЛА лејкерс конечно успеа ја осети сласта на победата. „Езерцата“ со 123:107 го победија Чикаго, а прво име во триумфот очекувано беше Леброн Џејмс со 36 поени и 10 скокови.

Милвоки бакс против Њу Орлеанс хорнетс покажа зашто е најдобар тим во лигата со скор од 51 победа и 17 порази. Милвоки славеше со 130:113, а најзаслужни беа Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон кои уфрлија 47 поени.

Во дербито на вечерта, Портланд по победата од 125:107 над ЛА клиперс се искачи на четвртото место место на табелата во Западната конференција.
Резултати: ЛА клиперс – Портланд 104:125, Денвер – Минесота 133:107, Далас – Сан Антонио 105:112, Чикаго – ЛА лејкерс 107:123, Њу Орлеанс – Милвоки 113:130, Филаделфија – Кливленд 106:99, Индијана – Њујорк 103:98.