Крстевска го собори државниот рекорд

76

Македонската пливачка Мила Крстевска, на турнирот во Белград го собори државниот рекорд на 200 метри грбно.

И претходното најдобро остварување на оваа дисциплина беше во сопственост на Крстевска, која во белград исплива за време за 2:21:32 минути, што е за речиси половина секунда побрзо од нејзиното претходно време. Со тоа таа освои и Б норма за Младинските олимписки игри и младинското Европско првенство во Хелсинки.

Успех во Белград оствари и младиот Стефан Цветковски, кој го собори рекордот на 50 метри делфин, во категоријата постари пионери.