Кристијано Роналдо, кралот на Лигата на шампионите

Роналдо покрај петте титули во ЛШ е и предводник на листата на најдобри стрелци во историјата со 124 голови.

119
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кристијано Роналдо вчера им приреди на фудбалските фанови уште една неверојатна претстава и покажа зашто многумина го сметаат „кралот“ на Лигата на шампионите. Португалецот со Манчестер јунајтед и со Реал Мадрид има освоено пет титули во ЛШ, и зад себе има бројки кои за многумина се недостижни.

Португалецот ги постигна сите три гола за Јувентус со што уште еднаш покажа дека е вистински кошмар за Атлетико Мадрид. Тој на Атлетико Мадрид му дал 25 голови на 33 натпревари, единствено на Севилја и има дадено повеќе голови дури 27.

Во осум елиминациски пресметки на Роналдо против Атлетико Мадрид, во европски или шпански натпреварувања, сите му припаднаа на Португалецот.

– За вакви работи ме донесе Јувентус. Ова беше магична вечер, изјави Роналдо.

Работата да биде поинтересна, фудбалерот на Јувентус изјави дека на Атлетико ќе му даде три гола, што и „Марка“ го објави на само пет минути пред почетокот на дуелот во Торино.

фото: принтскрин

Роналдо си ги одржа зборот и со трите погодоци дојде до бројката од 124 голови во Лигата на шампионите, со што убедливо е најдобра стрелец во елитното натпреварување. Но тука не е крајот на импресивните бројки.

Уште една статистичка бројка потврдува дека Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Во 79 голови кои неговите екипи ги постигнале во елиминациската фаза во ЛШ, Роналдо учествувал во дури 77.

– Секогаш кога чувствувам дека ќе освојам некаков трофеј, се појавува Роналдо и ми го краде. Го мразам но исто така имам и неверојатен респект кон него. Тој е најдобриот фудбалер на сите времиња, вели Антоан Гризман, играчот на Атлетико.