Кошаркарите на Њујорк поставија негативен клупски рекорд

Њујорк никс оваа сезона има одиграно 56 натпревари и забележано само 10 победи наспроти 46 порази.

32
Фото: ЕПА

Кошаркарите на Њујорк ноќеска загубија на гостувањето кај Кливленд со 107:104 и поставија клупски „антирекорд”. За Никси ова беше 17. пораз во низа што е најдолга серија во нивната НБА историја.

Њујорк никс оваа сезона има одиграно 56 натпревари и забележано само 10 победи наспроти 46 порази. Со овој биланс тимот е последен во Источната конференција и има најслаб скор воопшто од сите екипи.

Тимот е аутсајдер на НБА. Оваа сезона “Њујорк” постигна 10 победи во 56 натпревари.