Каталонецот Гвардиола има проблеми поради жолтата лента

Фото:EPA-EFE/PETER POWELL

Анлиската Фудбалска асоцијација (ФА) покрена постапка против тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола поради јавно истакнување на политички ставови.

Тренерот на Манчестер Сити од октомври на натпреварите и на конференциите за новинарите носи жолта лента во знак на поддршка на затворените каталонски политичари, кои бараат независност за оваа шпанска покраина.

Гвардиола е роден во Каталонија и таму е исклучително почитуван поради успесите кои ги оствари и како играч, но и како тренер со фудбалскиот клуб Барселона.

Нејасно е зошто ФА досега чекаше да покрене постапка против Гвардиола, но оттаму соопштија дека носењето на жолта лента е „политичка порака“, што се коси со правилата на Федерацијата.

Гвардиола до 5 март има право да одговори на обвинувањата на ФА.