Јунајтед без Санчез во дербито против Тотенхем

Тимот на Манчестер Јунајтед отпатува за Лондон без Алексис Санчез, информираа медиумите на островот. Вечерва, „црвените ѓаволи" гостуваат на Тотенхем во меч од 22-та рунда на Премиер Лигата. Средбата почнува во 17,30 часот.

100

Тимот на Манчестер Јунајтед отпатува за Лондон без Алексис Санчез, информираа медиумите на островот. Вечерва, „црвените ѓаволи” гостуваат на Тотенхем во меч од 22-та рунда на Премиер Лигата. Средбата почнува во 17,30 часот.

Манчестер Јунајтед пристигна во Лондон со воз, но чилеанскиот фудбалер не излезе од него. Офанзивниот фудбалер патуваше заедно со тимот во Дубаи со остатокот од екипата на Јунајтед за тренинг кампот, па неговото отсуство претставува изненадување за фудбалската јавност.

Тој се истакна со две асистенциа за „црвените ѓаволи” во последните два меча за тимот – против Ридинг во ФА Купот и Њукасл во првенството.

Дваесет кратниот шампион на Англија се обидува да се искачи во топ 4, но пред тоа ќе мора да се справи со „петлите” на Вембли, кои се трети на табелата.

Тимот предводен од привремениот менаџер, Солскјер има 5 победи во последниве 5 дуели во сите натпреварувања.