Јубилејна 250. победа за Надал на Грен слем турнирите

79
Фото: ЕПА

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го совлада Алекс де Минар од Австралија и се пласира во третото коло на Австралија опен.

За вториот светски рекет ова беше јубилејна 250-та победа на Грен слем турнирите.

Од него повеќе победи на најголемите четири тениски турнири во светот имаат Новак Ѓоковиќ (260) и Роџер Федерер (362).

Следниот противник на Надал на Грен слемот во Мелбурн ќе биде чешкиот тенисер Томас Бердих.  Мечот за пласман во четвртфиналето ќе се одржи на 20 јануари.