Јокиќ со 40 поени го предводеше Денвер до триумфот над Портланд (ВИДЕО)

84

Екипата на Денвер предводена од центарот Никола Јокиќ забележа победа над Портланд на еден од четирите натпревари во НБА-лигата играни ноќта меѓу недела и понеделник.

Србинот средбата ја заврши со 40 поени, 10 скока и осум асистенции.

Резултати:
Орландо – Хјустон 116:109
Далас – Голден Стејт 114:119
Денвер – Портланд 116:113
Лос Анџелес лејкерс – Кливленд 95:101.

Пласман Западна конференција: Денвер 29-13 (победи-порази), Голден Стејт 29-14, Оклахома 26-16, Портланд 26-18, Хјустон 24-18,…

Пласман Источна конференција:  Торонто 33-12, Милвоки 30-12, Индијана 28-14, Филаделфија 28-16, Бостон 25-17,…