Историски пласман на одбојкарите на ЕП!

231

Македонската одбојкарска репрезентација за прв пат ќе учествува на Европско првенство откако вечерва со 3-0 ја победи Унгарија, а претходно во полза ни одеа сите резултати од другите мечеви кои ни беа потребни.

Првиот сет го добивме со 25:21, во вториот триумфиравме со 25:20 и третиот со 25:21 по што почнa големата и заслужена радост на нашите момци. Најдобар кај нашиот тим беше Ѓорѓиев со 17 поени, Љафтов заврши со 14 поени, додека Манџуков помогна со пет.

Во наша полза беа останатите резултати, па така Шведска го победи Азербејџан, а Летонија славеше над Израел и остана ние да си ја завршиме работата.

Mакедонскиот национален тим се најде меѓу петте најдобро второпласирани селекции кои ќе бидат дел од континенталниот собир во септември. Ќе се игра во четири држави, Франција, Белгија, Холандија и Словенија.