Икарди изваден од составот за дуелот со Рапид

Икарди нема да патува со тимот за Австрија, откако се уште не е јасно како се дошло до одлуката капитенската лента да биде симната од раката на голгетерот.

25
Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Сериозни темни облаци лебдад над Мауро Икарди. Откако стана јасно дека Аргентинецот нема веќе да ја носи капитенската лента на Интер, напаѓачот беше изваден и од составот на „нероазурите” за претстојниот натпревар со Рапид Виена од шеснаесетфиналето на Лига Европа.

Икарди нема да патува со тимот за Австрија, откако се уште не е јасно како се дошло до одлуката капитенската лента да биде симната од раката на голгетерот.

Одлуката на клубот доаѓа непосредно по последната изјава на сопругата на Икарди и негов агент Ванда Нара, која изјави во емисијата „Тики Така” дека Интер не го заштитува доволно аргентинскиот напаѓач.