Гатузо го блокира трансферот на Чалханоглу во Лајпциг

117
Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Германскиот клуб Р.Б. Лајпциг постигна договор со Хакан Чалханоглу, но тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, го блокирал трансферот.

Турскиот репрезентативец, кој ќе наполни 25 следниот месец, не покажа постојаност по трансферот од 21,3 милиони евра од Баер Леверкузен летото 2017 година. Затоа и се зборуваше долго за неговото враќање во Бундеслигата.

Според „Скај Спорт Италија”, има зделка со Лајпциг, откако Турчинот ги договорил личните услови и двата клуба се согласиле за износот на трансферот. Но, Гатузо сепак не сакал да слушне за трансфер.

Интересно е, според списанието „Панорама”, новиот претседател, Иван Газидис, е многу близок до Гатузо и го преферира негово мислење, пред она на генералниот директор Леонардо.