Со финалниот натпревар меѓу Њу Ингланд патриотс против Лос Анџелес Рамс беше затворено годинашното издание на НФЛ Супербол.
Националната химна ја отпеа познатата пејачка Гледис Најт, а на полувремето настапија „Марун 5“ со Тревис Скот и Биг Бои и сплет на најголемите хитови на бендот.
Најефикасен играч на Патриотс беше Том Брејди, на кого ова му е шеста титула во НФЛ.
Минатата година Брејди стана најстариот освојувач на трофејот и му требаше само една година за повторно да го урне неговиот рекорд и притоа да докаже уште еднаш дека е најдобар во историјата.