Филип Талески со специјално дизајнирани патики на СП

142

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески, во специјално дизајнирани патики ќе ги игра натпреварите на Светското првенство во Данска и Германија.

Талески неодамна стана татко, a веста за раѓањето на ќерката Софиа ја сподели преку фотографија на социјалните мрежи. Како што може да се види и на фотографијата од неговите патики, името на својата ќерка Талески ќе го има на себе со секој момент на Мундијалот бидејќи е испишан на неговите патики, веднаш до неговата слика.