Дополнителни билети пуштени за натпреварот Вардар – Веспрем

Билетите ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

38

Поради голем интерес на навивачите за натпреварот од 12 коло во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Веспрем, од утре (четврток, 14 февруари) ќе бидат пуштени во продажба дополнителен број на билети.

Билетите ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота во 17,30 часот, а истиот е прогласен за меч на колото во ЛШ.