Домашните екипи забележаа убедливи триумфи (ВИДЕО)

18

Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, ноќеска на распоредот беа три натпревари на кои убедливи триумфи со повеќе од 20 поени разлика забележаа екипите домаќини.

Резултати:

Бостон – Њујорк 128:100
Портланд – Феникс 108:86
Јута – Хјустон 118:91.

Пласман Западна конференција: Денвер 17-7, (победи – порази), Оклахома 16-7, ЛА Клиперс 16-8, Голден Стејт 17-9, ЛА Лејкерс 15-9,…

Пласман Источна конференција: Торонто 21-5, Милвоки 16-7, Филаделфија 17-9, Детроит 13-9,…