Болт за првпат се запиша во листата на стрелци во професионалната фудбалска кариера (ВИДЕО)

292

Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт го постигна првиот гол во професионалната кариера.

Поточно, момчето од Јамајка постигна два гола во триумфот на неговиот тим Централ Коуст Маринерс над второлигашот Макартур Саут Вест јунајтед со 4-0.

Тој во 55 минута од подготвителниот натпревар ја искористи одличната асистенција од соиграчот и во манир на најдобрите напаѓачи, од левата страна, го изненади голманот со шут во поблискиот агол.

Нешто помалку од 15 минути подоцна повторно се впиша во стрелците – ја искористи грешката и судирот на одбранбениот играч и голманот, па не му беше тешко да ја спроведе топката во празната мрежа.

„Прв пат се најдов во стартната постава и постигнав два гола. Тоа беше добро чувство“ – изјавил Болт.

Најдобриот спринтер на сите времиња изјави дека е сериозен во намерата да стане фудбалер.

„Среќен сум што дојдов овде и му покажав на светот дека напредувам. Сакам да станам ’Маринер“, да играм на највисоко ниво и да изборам место во првиот тим“ – додал Болт.