Баерн Минхен веќе преговара со ѕвезда на Ајакс

174
Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Баерн Минхен работи интензивно за летниот преоден период кога се очекува да биде засилен со голем број фудбалери и притоа „нема да штедат пари”.

Баварците беа елиминирани во осминафиналето на ЛШ од Ливерпул.

„Марка” тврди дека претставници на тимот биле во контакт со Ајакс за една од ѕвездите на тимот – Хаким Зиех. Мароканецот беше еден од холандските херои во елиминирањето на Реал Мадрид.

Офанзивниот играч има 25 години и се проценува за трансфер на околу 35 милиони евра.

Досега, од Алијанц арена се објавени трансферите на Бенжамен Павар од Штутгарт и талентот на Хамбургер – Јан-Фијте Арп.