Ампутиран прст од ногата на Вујошевиќ

459

Познатиот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ има сериозни здравствени проблеми, поради што мораше да му биде ампутиран прст од ногата.

Хируршката интервенција беше извршена во Воено-медицинската болница во Белград, а докторите информираат дека неговата ситуација била лоша, но по операцијата тој се чувствува добро. Истото го потврди и самиот тренер, кој ѝ се обрати на јавноста.

– Секако дека би било најдобро до ова воопшто да не дојдеше, но сепак најдобра опција во моментов беше операција. Се чувствувам добро и им благодарам на сите за пораките со поддршка – изјави Вујошевиќ.

Екс-тренерот на Партизан има гангрена, поради која не можеше да ја води селекцијата на БиХ на последниот квалификациски меч со Ерменија, кога беше обелоденето дека болеста не е нималку наивна, а на Вујошевиќ му се заканува дури и ампутација. За излекување на неговата болест, потребно е да се изврши трансплантација на бубрег.