дома СПОРТ 12 годишниот Марко Пејчиновски го преплива Охридското езеро: Не очекував да биде...

12 годишниот Марко Пејчиновски го преплива Охридското езеро: Не очекував да биде толку лесно (ВИДЕО)

Голем подвиг направи 12-годишниот Марко Пејчиновски кој денеска за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро.

907

Голем подвиг направи 12-годишниот Марко Пејчиновски кој денеска за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро.

Марко на охридското пристаниште го дочекаа илјадници негови сограѓани кои со бурен аплауз и со скандирање на неговото име го дочекаа.

– Не очекував дека ќе биде толку лесно. Сега, откако пристигнав на целта чувствувам замор, а во водите на Охридското езеро ми беше супер – изјави Марко после пристигнувањето на градското пристаниште, објави „Охрид Њус“.

Марко претпладне околу 9:30 часот го почна херојскиот потфат од Свети Наум за по 18 часот да стигне на пристаништето во Охрид. Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина, ако се знае дека момчето има доживеано инфаркт на долните екстремитети.Пејчиновски кој пристигна на целта и покрај лошите временски услови во почетните километри, на крајот доби овации од голем број сограѓани.

Патеката од Свети Наум до пристаништето во Охрид долга 30-ина километри во минатото често пати била несовладлива за многу поискусни маратонци.

ФОТО: Охридњуз