Спорт по породувањето: Кога да почнете и со кои активности?

Идеално е да се избегнат, барем на почетокот, спортови кои претерано ги оптоваруваат стомачните и карличните области.

Бебето е родено и не можете да дочекате да се врати во форма? Има многу мајки кои после породувањето сонуваат повторно (и што побргу) да ги облечат оние фармерки кои морале да ги остават во третиот месец на бременоста. Се разбира, физичките ангажмани околу бебенцето, уморот, времето и самото бебе не дозволуваат да се посветите на себеси.

Ништо во првите 40 дена

По породувањето, последна мисла на новата мајка е спортувањето, се разбира. Помеѓу новата рутина што треба да се создаде и многу работи што треба да се научат, пред сè да го запознаете вашето бебе, ви треба одмор и спокојство. Но, по некое време, потребата да си посветите малку време и на себе е вообичаена и потполно нормална.

Доколку сакате повторно да се вратите на физичките активности, сепак, најдобро е да почекате 40 дена по раѓањето на бебето. По 40-от ден, консултирајте се со вашиот лекар, и доколку тој ви даде „зелено светло“ можете полека да почнете со вежбање. Всушност, телото, а особено абдоминалните и карличните делови од телото, биле под голем стрес и притисок за време на бременоста, како и за време на самото породување, па ви треба време за да се вратат во формата која сте ја имале пред да забремените.

Не брзајте и не претерувајте со спортот!

Ако гинекологот ви даде „зелено светло“, конечно можете да се посветите на спортот. Започнете со лесни фитнес активности. Не брзајте. Започнете со прошетки на отворено, кои исто така се совршени и за добро расположение: природата делува врз нас, таа природно има смирувачки ефект и нè тера да се насмееме повторно. Зголемете го вашето темпо, како одминуваат деновите, резултатите ќе ги видите многу наскоро.

Спорт заедно со бебенцето

Има многу мајки кои не можат да се посветат на спорт после породувањето затоа што немаат кому да му го остават бебето на чување. Но и за ова има решение. Може да практикувате фитнес активности дома и тоа во друштво на вашето бебенце. Секако, за тоа ке треба да причекате бебето да биде постаро од 6 месеци. Доколку пак, е помало, секогаш постои опција да го носите во „кенгур“ и заедно да шетате (со брзо одење) на кејот или на чист воздух. На тој начин, ќе уживате во тренингот без да се чувствувате виновни, и без дополнителни трошоци за бебиситерка.

Кои спортови се идеални?

Идеално е да се избегнат, барем на почетокот, спортови кои претерано ги оптоваруваат стомачните и карличните области. Ако вежбавте активно пред да забремените, може да продолжите со истиот спорт, само со драстично намален интензитет. Пливањето, на пример, е совршен спорт затоа што бара од вас да ги прилагодите напорите според вашите потреби. Меѓу водните спортови, хидробик е исто така корисен, исто како и аква аеробик. Јогата и пилатесот се подеднакво погодни, затоа што вежбите, иако се интензивни, се бавни и можат да се модифицираат според можностите на новата мајка. Но, бидете внимателни во овој случај да го известите инструкторот за вашата состојба, бидејќи абдоминалниот појас често се користи во овие дисциплини. Избегнувајте активности што се премногу аеробни и вежбање со тегови во спортска сала.

Можете ли да спортувате за време на доењето?

Доењето не исклучува спорт, со одредена грижа. Градите можат да бидат болни во оваа фаза, затоа облечете градник што е мек. Ако е можно, доите непосредно пред да започене со спортувањето. Ако се плашите од протекување на млеко, вметнете меки крпи во градникот што ќе ја апсорбираат течноста и нема да ви направат да се чувствувате непријатно за време на спортот. Исто така, запомнете дека мора да пиете вода и за време на тренинго и по тренингот. Ова правило е исклучително важно кога доите, уште повеќе ако се потите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот