Спорот за островите меѓу Токио и Сеул ескалира, откажана средбата во Вашингтон

Островите за кои преговараат Сеул и Токио
Островите за кои преговараат Јужна Кореја и Јапонија/ Фото EPA/YNA SOUTH KOREA OUT

Заменик-министерот за надворешни работи на Јапонија се повлече од планираната прес-конференција во Вашингтон со колегите од Јужна Кореја и САД, по територијалниот спор меѓу Токио и Сеул, изјави портпаролот на јапонската амбасада, пренесува Гардијан.

Американскиот заменик државен секретар Венди Шерман мораше да одговара на прашања во отсуство на јужнокорејскиот дипломат Чои Џонг Кун и јапонскиот заменик министер за надворешни работи Таке Мори.

Шерман рече дека „постојат некои билатерални разлики меѓу Токио и Сеул кои треба да се решат“, но додаде дека откажувањето на заедничката прес-конференција не е поврзано со претходната трилатерална средба, која таа ја нарече „конструктивна и значајна“.

Портпаролот на јапонската амбасада изјави дека Токио во вторникот поднел остар протест поради посетата на шефот на јужнокорејската полиција на спорните острови меѓу двете земји, кои во Јапонија се нарекуваат Такешима.

Групата острови кои сочинуваат претежно вулкански карпи ја контролира Сеул, кој ги нарекува Докдо, но и Јапонија ги смета за свои.

„Под овие услови, решивме дека не е соодветно да се одржи заедничка прес-конференција“, изјави портпаролот на јапонската амбасада.

Чои им изјави на новинарите во Вашингтон дека јапонската страна ги информирала дека нема да учествуваат на конференцијата, непосредно пред почетокот на трилатералните разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот