Јагули со желатин / Фото: Circe Hamilton / News Licensing / Profimedia

Според „Тејст атлас“: Ова се најлошите јадења во светот поради кои ќе го изгубите апетитот

Веб-страницата „Тејст Атлас“, која објавува содржина за храна и патувања, постојано објавува листи со најдобро и најлошо рангирани јадења ширум светот.

Овојпат, тие ги објавија 100-те најлошо рангирани јадења, а „Пун куфер“ ги издвои специјалитетите кои се најдоа во топ 5.

1. Блодпалт

Според корисниците на „Тејст Атлас“, најлошото јадење на светот е блодпалт и тоа има оценка 1,6. Тоа е специјалитет кој потекнува од Лапонија. Овие финско-шведски кнедли се направени од `ржано и јачменово брашно и се мешаат со животинска крв. Порано се додавала крв од ирваси, но денес свинската крв е најчеста.
Најчесто се служат како прилог со џем од брусница.

2. Бокадило де сардинас

Шпанскиот сендвич бокадило де сардинас е на второто место на листата на најлоши јадења, со оценка 1,9 од 5. Станува збор за сендвич кој обично се прави од долг леб „бара де пан“ и е исполнет со сардини. Во сендвичот може да се додадат варени јајца, авокадо, маслинки, мајонез, сенф, јогурт, печурки и други слични состојки.

3. Калскров

По шпанскиот сендвич следи шведското јадење калскров. Тоа е калзоне исполнето со хамбургер и помфрит – изум на ресторанот „Тре Кронер“ во градот Скелефт, за луѓе кои не можат да одлучат дали да нарачаат пица или хамбургер по една ноќ на премногу пиење.

4. Ангулас а ла кацуела

Ангулас а ла кацуела е традиционално јадење од Баскија, кое вклучува ретка храна – млади јагули кои се динстаат во маслиново масло со лук, чили и сол во посебен сад наречен казуела.

5. Јагули со желатин

Јагулите се петто најлошо јадење според корисниците на Taste Atlas. Поточно, еден вид верзија на ладна јагула која доаѓа од Англија и се подготвува од 18. век.  Ова јадење порано било исклучително евтино – јагулите се фаќале во Темза, се сечеле на ситни парчиња, се вареле во тенџере со зачини, па се ладеле и се служеле. Денеска се прават со желатин и се зачинуваат со бел пипер и оцет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот