Според светскиот извештај за среќата: Македонија е најнесреќно место за живеење на Балканот

Македонија Албанија ЕУ Западен Балкан
Знамињата на Северна Македонија, Албанија и ЕУ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Според најновиот светски извештај за среќата, направен според традиционалната анкета на агенцијата „Gallup“, Македонија e едно од најнесреќните места за живеење. Имено, нашата држава се најде на 75. место од вкупно 95 рангирани земји.

Топ три најсреќни места за живеење се Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51. Зад нив се Швајцарија, Холандија, Шведска, Германија и Норвешка.

На Балканот, граѓаните на Хрватска се најсреќни – на 23. место со оценка 6,51, а неколку места зад нив се и Словенците – на 26. место со оценка 6,46. Потоа следува Косово на 31. место, Србија на 42. место, Босна и Херцеговина на 58. место и Албанија на 63. место. Македонија е најдолу од сите, односно на 75. место.

Од земјите надвор од Европа, само Нов Зеланд се најде меѓу првите десет. САД се искачиле на 14. место, а Канaда е падната на 15. позиција.

Во Азија најдобро се живее во Тајван којашто се најде на 19. место, а во Африка најдобро место за живеење е Нигерија којашто се најде на 59. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот