Според проценките на магазинот „Билборд“ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ПОБЕДИ на Евровизија

Светски познатиот музички магазин ,,Билборд” направил листа на 12 песни кои оваа година можат да победат на Евровизија. Меѓу нив е и песната „Proud“ на нашата Тамара Тодевска.

„Поранешната југословенска република за првпат се натпреварува под името Северна Македонија. Порано позната како ФИРОМ, земјата за првпат настапи на Евровизија во 1998 година. Најдобар пласман ѝ беше 12-то место, во 2006 година со песната ,,Нинанајна” на Елена Ристеска. Ако Тамара Тодевска се пласира во финалето со песната што ја промовираше на Меѓународниот ден на жената, 8 март, тоа ќе биде прво појавување на Северна Македонија во големото финале по 2012 година – информира ,,Билборд”.

,Билборд” дава појаснување зошто Македонија би можела да победи. „Во ова прославување на жената низ времињата во стилот #MeToo (И јас, исто така), ќе се пронајдат многу гледачи кои ќе гласаат, како и професионалните жирија.

Меѓу другите фаворити според „Билборд“ се Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска, Холандија.

БОНУС ВИДЕО: 

ЕВРОВИЗИЈА: Потсетете се на сите македонски претставници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот