Според педијатрите, ова е најдобра храна за развој на мозокот на бебето

Првороденото бебе во Скопје во 2023 е машко/ Фото: ЕПА

Храната што ја јаде бебето во првите две години од животот (и хранливите материи што ги прима за време на бременоста) имаат силно влијание врз неговото здравје и развој.

Според Американската академија за педијатрија, постојат одредени хранливи материи што се особено критични, а нивниот недостаток може да има доживотни последици. Овие хранливи материи вклучуваат железо, цинк, бакар, холин и витамин Д.

Исхраната на најраната возраст не само што може да влијае на ризиците од развој на дебелина, висок крвен притисок и дијабетес во детството и возрасната доба, туку првите две години се најважниот период за развој на мозокот, вклучувајќи ги и подрачјата што го контролираат помнењето, обработката, планирањето и вниманието. Недоволниот внес на клучни хранливи состојки може да доведе до дефицит во функцијата на мозокот, кој не може да се врати. Всушност, несоодветната исхрана во текот на првите две години е поврзана со понизок коефициент на интелигенција, проблеми во однесувањето и послаб успех во училиште.

Многу доенчиња постари од шест месеци не добиваат соодветни количини на цинк, железо и витамин Д. (Формулата е засилена) Затоа е важно да се осигура дека бебињата ги добиваат овие хранливи материи преку цврста храна.

Список на намирници кои ги содржат потребните хранливи материи:

Протеини: месо, живина, риба, јајца, јогурт, грав, житарки.

Цинк: говедско, свинско, млеко, тофу, грав, путер од кикиритки.

Бакар: печурки, школки, житарки од цели зрна, грав, компир.

Железо: говедско, пилешко, риба, збогатени житни култури, спанаќ, грав.

Селен: туна, пилешко, збогатени тестенини, јајца, кафеав ориз.

Холин: говедско, живина, јајца, бела риба, лосос, грав.

Фолна киселина: спанаќ, сок од портокал, ориз, авокадо, леб од цели зрна.

Јод: бакалар, кујнска сол, млеко, ракчиња, јајце, конзервирана туна.

Витамин А: сладок компир, морков, манго, јајца, млеко.

Витамин Д: лосос, туна, млеко.

Витамин К: спанаќ, кељ, брокула, грашок, боровинки.

Витамин Б6: житарки, наут, банани, компир, путер од кикиритки.

Витамин Б12: житарки, лосос, млеко, говедско месо, јогурт, сирење.

Полинезаситени масни киселини: риба, ленено семе, сончогледово масло.

Држете се до мајчиното млеко или формулата, иако другите млечни производи како јогурт и сирење се во ред. Исто така, во ред е да користите малку млеко за варење или печење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот