Според ОН, Русија присилно депортирала до 1,6 милиони Украинци

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Американската претставничка во Советот на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Мишел Тејлор денеска изјави дека Русија присилно депортирала меѓу 900.000 и 1,6 милиони Украинци. Таа се повика на неименувани извори.

Тејлор ја повика надлежната Комисија на ОН да спроведе истрага во врска со овие наводи.

– Ги повикуваме членовите на Комисијата да продолжат да го истражуваат сè поголемиот број докази за руските операции за присилно депортирање и исчезнување, нагласи Тејлор во обраќањето пред Советот на ОН за човекови права во Женева.

Видео на денот